Zehra Ulucak
21 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
САО ПАОЛО (АА) - Властите во Бразил соопштија дека и покрај тензиите поради мигрантите што сè повеќе се видливи во земјата, нема да ја затворат границата со Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сержио Етшегојен, секретар за институционална безбедност, изјави дека затворањето на границите би било противзаконско.
Тој се осврна на немирите до кои дојде откако во местото Пакараима, во близина на границата со Венецуела, беше нападнат и опљачкан сопственик на продавница, за што локалните жители ги обвинуваат мигрантите. Тој додаде дека затворањето на границата нема да ја смири ситуацијата.
„Официјален претставник на бразилската војска изјави дека и покрај нападите врз привремените прифатни центри за мигранти, бројот на мигрантите од Венецуела расте секој ден“, јавува „Би-би-си“ (BBC).
Се претпоставува дека вчера границата со Бразил ја преминале околу 900 мигранти од Венецуела.