Emel Öz Gözellik
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
САО ПАОЛО (AA) - Од последица на жолта треска во Бразил починаа 260 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за здравство е потврдено дека во последните неколку дена, бројот на заразените е зголемен од 723 на 846, а на починатите лица од 237 на 260.
Покраината Минас Жераис, во последните седум дена е најмногу погодена со епидемијата. Заразени се 314 лица, а починаа 103.
Министерството за здравство спроведува кампања на вакцинација за подрчајата на Сао Паоло, Рио де Жанеиро и Бахија.
Бразил веќе подолго време е загрозен со жолтата треска, но минатата година беше забележана невообичаено голема епидемија, вклучувајќи и места кои претходно не биле сметани за ризични.
Жолтата треска е акутна болест која ја предизвикува вирусот на жолта треска. Во поголемиот дел од случаите, симптомите се температура, губиток на апетит, мачнина, болка во мускулите, особено во мускулите на грбот и главоболка. Симптомите воглавно се подобруваат по пет дена.
Болеста ја предизвикува вирус на жолта треска која ја пренесуваат комарците, воглавно видот Aedes aegypti.