Şerife Çetin,Yusuf Hatip,Ata Ufuk Şeker
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Полицијата интервенираше врз илјадници „Жолти елеци“, кои се собраа во центарот на белгискиот главен град Брисел, додека демонстрантите се разбегаа низ уличките на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во центарот на Брисел интервенира врз „Жолтите елеци“, кои протестираат против лошите економски услови, како и против покачувањето на цените на горивата.
Полицијата презеде мерки интервенираше врз „Жолтите елеци“, откако тие го затворија подвозникот кој се наоѓа меѓу Амбасадата на Турција во ЕУ и Амбасадата на САД во Брисел.
Демонстрантите ги принудија лицата кои патуваа низ тунелот со своите возила да ги облечат жолтите елеци што се наоѓаат во возилата, или да ги постават на нивните предни стакла.
Бројот на приведените лица во Брисел надмина 100 лица.