Şerife Çetin,Abdullah Aşıran
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
ХАГ (АА) - Насобрани на протестите на „Жолтите елеци“ во Хаг, Амстердам и Ротердам во Холандија, демонстрантите побараа оставка од Владата на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие ги извикуваа слоганите: „Оставка на Руте“ и „Заминувај, Руте!“, барајќи на овој начин оставка од холандскиот премиер Марк Руте.
Протестите на „Жолтите елеци“ се организираат во знак на незадоволство поради приливот на мигранти, економската ситуација на граѓаните со средни примања, како и поради трошоците за здравство и образование.
Демонстрантите се собраа пред Парламентот во Хаг и бараа состанокот со премиерот Руте. На мостот „Еразмус“ во Ротердам се собраа околу 150 демонстранти.
Во Холандија минатата недела во неколку града се одржани антивладини протести на „Жолтите елеци“, по пример на оние од Франција, кои траат последните три недели.