Ayşe Doğru
03 Август 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
МАНИЛА
Се превртеа три брода кои сообраќаа меѓу два острова на Филипините. Во несреќата животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на крајбрежната стража, Арманда Балило, информираше дека три брода кои сообраќале меѓу островите Гимарас и Висаи, се превртеле како последица на лошите временски услови.
Во несреќата починале 7 лица, од кои 6 жени, а екипите на крајбрежната стража успеала да спаси 31 лице, истакнувајќи дека сѐ уште не е утврдено дали има исчезнати.
Поради поројните дождови и поплави кои го зафатија подрачјето во кое се наоѓа метрополата Манила, издадена е наредба за прекин на наставата и за бизнисот.
Експертите по метеорологија предупредија на интензивни монсунски врнежи и бура.
Секоја година на Филипините се случуваат околу 20 тајфуни и бури.