Safvan Allahverdi
04 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Гувернерот на Тексас, Грег Абот, истакна дека во вооружен напад на трговски центар во градот Ел Пасо загинале 20 лица, а дека се повредени 26 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абот во изјавата за медиумите нападот во продавницата „Волмарт“ во трговскиот центар „Сиело Виста“ го опиша како „одвратен и бесмислен чин на насилство“ и рече дека безбедносните томови се наоѓаат во подрачјето.
„Според најновите информации, бројот на оние кои ги загубија животите во нападот достигна 20 лица“, рече Абот, додавајќи дека повредените 26 лица се пренесени во околните болници.
- Злосторство од омраза -
Од друга страна, Грег Ален, началникот на полицијата на Ел Пасо, истакна дека напаѓачот еден ден претходно издал манифест и споделил говор на омраза.
Тој, исто така нагласи дека нападот можно е да бил извршен поради „злосторство од омраза“.
Службениците на полициската станица во Ел Пасо истакнаа дека по локално време, околу 10 часот наутро добиле известување за нападот и дека кога стигнале на местото на настанот увиделе дека во продавницата има најмалку 3.000 лица и дека многу лица се погодени од напаѓачот.
Властите објавија дека осомничениот е 21-годишниот Патрик Крусиус, Американец, белец, кој е приведен.
Белата куќа преку соопштение истакна дека претседателот Доналд Трамп е информиран за нападот и дека ситуацијата ја следи внимателно.
Од друга страна, истрагата на локалната полиција и Федералното биро за истраги (ФБИ) продолжува.