Erbil Başay
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Бројот на луѓе што загинаа во поплавите предизвикани од обилните врнежи во германските покраини Рајнланд-Пфалц, Северна Рајна-Вестфалија и Баварија се зголеми на 164 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од полицијата во Кобленц се наведува дека бројот на луѓе што ги загубиле своите животи во поплавите во покраината Рајнланд-Пфалц достигнал 117, додека бројот на повредени е 749.
Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија исто така информираше дека бројот на луѓе што го загубиле животот во поплавите се зголемил на 46.
Во покраината Баварија има едно загинато лице.
Билансот на загинати во поплавите во Германија се искачи на 164.
Во подрачјата погодени од поплавите продолжуваат активностите за пребарување и спасување.