Tufan Aktaş
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за здравство на Јужноафриканската Република, Звели Мкхизе, соопшти дека кубанските лекари донесени за борба против новиот вид коронавирус, Ковид-19, ја чинеле земјата 14 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мкхизе истакна дека кубанската екипа составена од 187 лекари, експерти од различни гранки, како што се епидемиолози, семејни лекари и експерти за јавно здравје, ќе останат во земјата до крајот на април 2021 година.
Наведувајќи дека на овие лекари ќе им биде исплатена вкупна сума од 14 милиони долари, министерот Мкхизе рече дека лекарите, со кои склучиле едногодишен договор, ќе работат во сите 9 провинции.
Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Јужноафриканската Република е 50.879.
Во земјата досега од коронавирусот починаа 1.080 лица. Во последните неколку недели земјата се обидува постепено да се врати во нормалниот живот.