Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во петокот, источниот брег на САД го зафати ураганот Флоренс, чиј интензитет на движење падна во категоријата „тропска депресија“ (ветровите кои на копно се движат со брзина до 17 м/с). Во ова невреме, досега животот го загубија 31 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници соопштија дека невремето што го зафати источниот дел на САД, досега одзеде 31 живот, од кои 24 во американската сојузна држава Северна Каролина.

Националниот центар за урагани информираше дека поради падот на брзината на движење на ураганот Флоренс на 56 километри на час, ураганот влегол во категоријата „тропска депресија“ (ветрови кои се движат со брзина до 17 м/с или до 60 километри на час).
Поради ураганот, голем број куќи во Северна и Јужна Каролина се поплавени. Официјалните претставници предупредија дека висината на водата може да достигне до еден метар, а во двете сојузни држави повеќе од еден милион лица останаа без електрична енергија.
Околу 10 милиони лица се затечени од ураганот Флоренс, а се претпоставува дека причинетата материјална штета би достигнала 170 милијарди долари.