Rania R.a. Abushamala
04 Април 2024•Ажурирај: 05 Април 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 33.037 Палестинци загинаа во смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа што започна во октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека досега во нападите повредени се најмалку 75.668 Палестинци.
„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа најмалку 62 лица, а 91 се повредени“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израел започна напади врз палестинската енклава по прекуграничниот напад на групата на отпорот Хамас, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.
Израелската војна, која влезе во 181-от ден, принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според податоците на Обединетите нации (ОН).
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој минатата недела побара од него да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа.