Zehra Ulucak
21 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во Дака, главниот град на Бангладеш, избувна пожар во подрачјето во кое се наоѓаат стари историски згради. Во пожарот загинаа 81 лице, а 41 лице се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави новинската агенција „Синхуа“, во стариот дел на Дака, синоќа, во населбата Чавкбазар избувнал пожар во една зграда, проширувајќи се брзо и на останатите згради во кои имало хемикалии и пластични материјали.
Претставниците на власта информираа дека пожарот кој се проширил и во околината, предизвикал смрт на 81 лице.
Во пожарот се повредени 41 лице, кои се префрлени во локалните болници.
Дел од повредените се во тешка состојба и постои загриженост од зголемување на бројот на загинати. По 9 часа борба со огнот, противпожарните екипи успеале во голема мерка да го стават пожарот под контрола.