Ekipa
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - Пет полициски службеници и еден затовреник се убиени во текот на бунтот во притворниот центар на периферијата на индонезискиот главен град Џакарта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бунтот се случи во местото Депок, каде што пред четири дена полицијата приведе двајца припадници на терористичката организација ДЕАШ, кои наводно планирале да изведат напад врз седиштето и останатите полициски станици во тоа место.
Судирот се случил откако приведените екстремисти се обиделе да му го одземат оружјето на затворскиот чувар.
Официјалните претставници наведуваат дека петмина полициски службеници што биле земени како заложници се убиени, додека еден од нив сѐ уште е заложник и е во рацете на екстремистите.
Новинската агенција „Амак“ (Amaq), која е блиска со ДЕАШ, објави дека судирот избувнал меѓу нивните милитанти и полициските единици за борба против тероризмот.