Fuat Kabakçı
09 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина дојде до експлозија на гас во еден рудник за јаглен. Во експлозијата животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави кинеската Новинска агенција „Синхуа“, во централниот дел на провинцијата Хунан, во областа Шаодонг, синоќа се случила експлозија во еден рудник за јаглен во сопственост на компанијата „Hunan Baodian Qunli Mining Co“.
Според првичните информации, во експлозијата на гасот метан животот го загубиле пет лица. Спасувачките и екипите на првата помош се на местото на несреќата. Започната е истрага во врска со несреќата.