Mona Saanouni
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
БУРКИНА ФАСО (AA) - Најмалку 14 лица, меѓу кои и тинејџери, убиени се во вооружен напад на црква на истокот на Буркина Фасо во текот на неделната миса, потврди неименуван безбедносен извор за Агенција Анадолија (АА).
Идентитетот на напаѓачот сеуште не е познат, како ниту мотивите за нападот, а медиумите пишуваат дека до нападот дошло во регионот Ест, на истокот на Буркина Фасо.
Станува збор за регионот кој минатата година беше цел на напади на групи поврзани со терористичките организации Ал-Каеда и ДЕАШ.
Британскиот „Би-Би-Си" (BBC) јави дека вооружено машко лице упаднало во црква и отворило оган кон луѓе.
Нападот се случи додека верниците беа на неделна миса во црква во Хантоукури.
Најмалку 37 лица се убиени во почетокот на месецот во нападот на конвој на рудари, исто така на истокот на земјата. Нападот се случи на патот помеѓу Гурм и Тапо, а цел на нападот беа работници на канадскиот рудник за злато SEMAFO.
Буркина Фасо е упориште на безбедносна криза која се рефлектира со поинтензивни терористички активности.
Повеќе од 600 лица беа убиени во терористички напади во изминатите четири години.
Од вкупно 13 покраини во седум од почетокот на оваа гоина е во сила вонредна состојба.