Fatma Esma Arslan
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ДАКАР (АА) – Педесет цивили ги загубија животите во вооружен напад во Буркина Фасо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Владата Лајнел Билго на прес-конференција рече дека неидентификувани вооружени лица извршиле напад во квартот Сејтенга, ноќта од сабота кон недела.
Билго истакнувајќи дека досега се регистрирани 50 загинати во нападот чија цел биле цивили, додаде дека може да се зголеми бројот на загинати.
Наведувајќи дека владата најостро го осудува овој страшен напад, портпаролот Билго го повика народот на соработка со владините сили во борбата против тероризмот.
Во терористичкиот напад во областа Сејтенга на 9 јуни животот го загубија 11 припадници на жандармеријата.
Терористички групи во соседен Мали поврзани со Ал Каеда и ДЕАШ од 2015 година вршат чести напади во северниот и источниот дел на Буркина Фасо.
Според владините податоци, 2.000 луѓе, од кои 600 од безбедносните сили, се убиени во терористички напади од 2015 до декември 2021 година.