Alaattin Doğru
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој посочи дека по руската инвазија на Украина во февруари годинава, Франција „влегла во воена состојба на економијата“ во која, како што наведе, ќе остане уште долго.
Говорејќи на отворањето на „Eurosatory 2022“, меѓународниот саем за трговија со оружје во Париз, француската престолнина, Макрон рече дека побарал од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот да ги разгледаат законите за воената програма во следните недели во светлината на геополитичката ситуација.
Тој нагласи дека Франција и Европа се во состојба на „воена економија“ и додаде дека државите уште долго ќе се организираат во овие услови.
Макрон повика и на натамошно зајакнување на европската одбранбена индустрија.
Претседателот на Франција истакна дека европската одбранбена индустрија и технолошката инфраструктура треба да се зајакнат и да се направат посилни и поконкурентни.