Gökhan Kurtaran
27 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
ЛОНДОН (AA) - Велика Британија соопшти дека нема да ја признае одлуката за прогласување на независноста на Каталонија од Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од владиниот кабинет наведоа дека Велика Британија не ја признава ниту ќе ја признае одлуката на Парламентот на Каталонија за прогласување на едостраната независност од Шпанија.
„Одлуката за независност е засновата на гласање кое шпанските судови го прогласија за илегално", се наведува во соопштението.
Се додава и дека во овој момент во Шпанија е важно да се сочува владеење на правото, целовитоста на земјата и да се почитува Уставот.
Од друга страна, шкотската премиерка Никола Стургеон преку Твитер наведе дека ја почитува, како што рече, состојбата на теренот.
„Каталонскиот народ мора да има можност самостојно да одлучува за својата иднина", порача Стургеон.
Потсетуваме, Сенатот на Шпанија денеска го одобри предлогот на Владата за преземање на директна контрола над Колонија веднаш откако Каталонија прогласи независност.