Tayfun Salcı
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, соопшти дека од ЕУ официјално побарала одложување на Брегзит до крајот на јуни оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март, а во согласност со одлуката на Парламентот на земјата, Владата од Лондон побара одложување на тој чекор до 30 јуни.
Меј, денес во обраќањето во Долниот дом на Парламентот, потврди дека на претседателот на Европската комисија, Доналд Туск, му пратила писмо со барање за тримесечно одложување на Брегзит.
„Како премиерка не сум подготвена на додатни одложувања на Брегзит по тоа на 30 јуни“, изјави Меј и додаде дека планира повторно на Парламентот да му понуди да го одобри постигнатиот договор за Брегзит.
Велика Британија најверојатно нема да учествува на изборите за нов состав на Европскиот парламент, што ќе се одржат во мај.
Договорот кој премиерката Меј го постигна со европските лидери за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ во два наврати е одбиен во британскиот Парламент.
Барањето на Велика Британија за одложување на Брегзит би требало да биде една од главните теми на утрешниот самит на лидерите на ЕУ.