Cüneyt Karadağ
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ), Доналд Туск, за Турција рече дека е „тежок, но партнер на кој може да му се верува", пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто кое Туск го даде за германскиот весник „Билд”, истакна дека Турција во моментов минува низ многу тежок период и додаде: „Турција е тешка земја, но земја на која најмногу може да ѝ се верува во регионот и во моментов се соочува со тешка ситуација; секоја недела се случуваат терористички напади а истата има несигурни граници кон Сирија, Ирак и Иран".
На прашањето, Кога Турција ќе добие безвизен режим Доналд Туск одговори „Без исклучок, кога ќе бидат исполнети сите критериуми. Преговорите веројатно ќе потраат до октомври, но овозможуваме постојано напредување".
Доналд Туск на прашањето дали Турција ќе биде членка на ЕУ одговори со: „Според моменталната ситуација, нема да биде".