Dejan Maksimoviç
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл денеска се венчаа во замокот „Виндзор“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хари и Маркл го кажаа судбоносното „да“ во капелата „Св. Ѓорѓи“ во најстариот и најголемиот населен дворец во светот.
По свадбената церемонија за младенците и нивните гости се одржа приватна прослава во замокот „Виндзор“, а домаќин беше кралицата Елизабета. Се планира прославата да продолжи во вечерните часови кога младенците ќе угостат околу 200 свои најблиски пријатели.