Lokman İlhan
27 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
БОГОТА (АА) - На 23-24 јуни во Венецуела бил подготвен нов план за државен удар, но бил спречен од страна на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Извршен е нов неуспешен обид за државен удар во Венецуела кон која се упатија бројни апели за вршење пуч од страна на опозицијата под водство на претседателот на Нациналното собрание на оваа земја, Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на државата, земја која двапати беше изложена на обид за воен пуч.
Заменикот-државен министер задолжен за комуникација, култура и туризам, Хорхе Родригез, на прес-конференција одржана во претседателската палата Мирафлорес, која се наоѓа во Каракас, информираше за последниот обид за државен удар, при што нагласи дека поседуваат видео и аудиоснимки околу тоа.
Родригез рече дека на 23-24 јуни бил спречен неуспешниот обид за државен удар од страна на пучистите кои се состојат од поранешни венецуелски војници кои се во пензија, како и лица со потекло од Израел и Колумбија, кои биле поделени во три групи.
Родригез пренесе дека пучистите имале за цел да ја преземат контролата врз воздушната база Ла Карлота и венецуелската државна телевизија ВТВ (VTV).
Според него, оваа група имала за цел за претседател на државата да го прогласи поранешниот генерал Раул Исаиас Бадуел, кој е затворен во Боливарската разузнавачка служба.
Родригез истакна дека една група пучисти биле предводени од страна на венецуелскиот поранешен генерал Хозе Баез Тореалба, кој живее во Доминиканската Република, и тврди дека оваа група имала за цел да ги убие претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и Диосдадо Кабело, кој е претседател на Основачкото собрание на Венецуела, а воедно и првиот потпретседател на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела.
Родригез, нагласувајќи дека поседуваат снимки долги над 56 часа во врска со телефонските и видеоконференциските разговори на пучистите, изнесе тврдење дека овие пучисти имале план да ги убијат кубанските советници во оваа земја, лекарите и поголемиот дел од генералите во венецуелската војска.
Според него, зад пучистите стојат претседателот на Колумбија, Иван Дуке и претседателот на Чиле, Себастијан Пинера.
Родригез, споделувајќи ги видео и аудиоснимките на оваа група, изјави дека дел од пучистите биле приведени.