Enes Kaplan
27 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ОСАКА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Јапонија за да учествува на Самитот на лидерите Г-20, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот, на аеродромот „Кансаи“ во Осака беше пречекан од страна на заменикот-министер за надворешни работи на Јапонија, Кенџи Јамада и турскиот амбасадор во Токио, Мурат Мерџан.
Во Осака, покрај претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган, допатуваа и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за финансии и финансии, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, шефот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин.
Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган во хотелот каде што ќе престојуваат беа пречекани со традиционалната јапонска кимоно-облека подготвена специјално за Турција за Олимписките игри во 2020 година.