Hatice Kesgin
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
АНКАРА (АА) - Илјадниците членови на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, предводена од страна на Фетула Ѓулен, притворени по обидот за државен удар кој се случи на 15 јули се само врв на ледениот брег, изјави денес претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на состанокот со шефовите на комори и стокови берзи во претседателскиот комплекс во Анкара, тој истакна дека безбедносите сили ќе продолжат да ги следат членовите на ФЕТО во државните институции и заедницата во целост.
„Нема сомнеж дека исто така постои и бизнис во оваа организација. Таму можеби се најмоќни. Ниеден проект не може да успее без финансирање. Ние сме решени да ги скратиме врските на оваа крвава организација и изворите на приход”, изјави тој.
Според Министерството за внатрешни работи, речиси 26.000 лица во Турција се уапсени во текот на истрагите во врска со обидот за државен удар. За тие уапсени, како и десетици илјади вработени во Јавниот сектор кои се суспендирани од своите работни места, постои сомнеж дека имаат поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Ердоган исто така ги повика жителите да го пријават секое лице за кое постои сомнеж дека има поврзаност со ФЕТО.
Претседателот на Турција во својот говор се осврна и на книгите на Фетула Ѓулен за кои посочи дека се полни со неточни информации и не можат да се сметаат како исламски книги.
„Книгите на Фетула Ѓулен содржат многу елементи кои не се совпаѓаат со исламот” , вели Ердоган.
Претседателот исто така повика на реформа на судскиот систем.
„Во Турција не може повеќе да владеат законите од 1950 година кои биле донесени по претходните удари”, изјави тој.
Турција го обвини Фетула Ѓулен дека го организирал овој неуспешен обид за државен удар и испрати две официјални барања до САД за негово испорачување со цел да се соочи со судењето.
Во обидот за државен удар загинаа 238 лица а речиси 2.200 беа повредени.