Ahmet Dursun
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Али Шемхани, генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, истакна дека напредокот во тековните преговори за нуклеарната програма во Виена е сè потежок и дека западните земји „се однесуваат како да преземаат иницијатива за да ги избегнат своите обврски“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шемхани на својот профил на Твитер наведе дека во телефонскиот разговор со заменик-министерот за надворешни работи, Али Бакири, кој е главен преговарач на Иран, дознал дека две прашања во врска со разговорите во Виена се финализирани.
„Тежината на задачата на иранските преговарачи за унапредување на логичките и правни инструкции дадени од Техеран секој ден расте сè повеќе и повеќе. Западните страни продолжуваат да покажуваат иницијатива за избегнување на нивните обврски“, нагласи иранскиот функционер.
Нуклеарните разговори за обезбедување со цел целосно спроведување на нуклеарниот договор и враќање на САД на договорот се одржуваат во Виена со учество на претставници на високо ниво од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран.
Вашингтон, кој еднострано се повлече од договорот во 2018 година во периодот на поранешниот претседател Доналд Трамп, индиректно учествува во разговорите преку Европската Унија (ЕУ).
Забележително е дека Шемхани, кој е шеф на Советот за национална безбедност, највисока безбедносна институција на иранската Влада, даде негативна изјава во врска со разговорите откако страните објавија дека е постигнат напредок во преговорите.
Шемхани, кој беше секретар на Врховниот совет за национална безбедност во време на претходниот претседател Хасан Рухани, е познат по својот умерен конзервативен идентитет и се смета за архитект на нуклеарниот договор постигнат во 2015 година.
Во ексклузивно интервју за телевизијата „Ен-би-си“ (NBC) во август 2019 година, Шемхани истакна дека во Иран има луѓе кои мислат дека нуклеарниот договор е грешка и дека и тој им се придружува.