Betül Yürük
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека експлозијата која се случи во населбата Челси, во која беа повредени 29 лица, е предизвикана од бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Куомо истакна дека станува збор за „терористички чин“, но дека не е пронајдена никаква поврзаност со меѓународниот тероризам.
Гувернерот додаде дека истрагата сè уште трае и дека по експлозијата во 27. Улица, пронајден е кујнски експрес лонец обвиен со жици. Тимовите за борба против тероризмот истражуваат за што станува збор.
Истиот ден во Њу Џерси пред хуманитарна трка во корпа за отпадоци е поставена и активирана експлозивна направа. Во експлозијата немаше загинати ниту повредени.