Hamdi Yıldız
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
РАМАЛА (АА) - Влошена е здравствената состојба на Халил Ававде (40), кој веќе 47 дена штрајкува со глад во израелски затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Невладината организација „Клуб на палестински затвореници“ соопшти дека здравствените проблеми на Ававде се влошиле поради штрајкот со глад кој започна поради барањето за укинување на административниот притвор.
Во соопштението се наведува дека Ававде, за кого велат дека Израел го држи во затворот Рамла, постојано повраќа крв поради штрајкот со глад кој трае веќе 47 дена и дека чувствува силни болки по целото тело.
Ававде е во притвор од 27 декември 2021 година, држан пет пати по шест месеци.
Според палестински извори, во израелските затвори има околу 4.500 Палестинци.
Под изговор на „административен притвор“, Израел може да притвори Палестинци во период од еден до шест месеци.
Доколку се утврди дека притвореникот е „опасен за безбедноста на Израел“, воениот судија може да го продолжи притворот до пет години, дури и без да поднесе кривична пријава.