Sayed Khodaberdi Sadat
11 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Комитетот за заштита на новинарите на Авганистан објави дека минатата година во оваа земја се убиени 17 новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Комитетот за заштита на новинарите, Наџибула Сарифи, изјави дека минатата година се забележани повеќе од 120 напади на новинари во Авганстан. Според неговите зборови, забележани се смртни случаи, ранувања, закани и затворања на претставниците на медиумите.
Сарифи потврди дека „Авганистан е најопасна земја за новинарите“.
Тој појасни дека минатата година се убиени 17 новинари, а нападите претежно се изведени од припадници на терористички организации.
Тој укажа и на потешкотиите со кои се соочуваат новинарите кога е во прашање пристапот до информации. Сарифи додаде дека минатата година од различни причини се затворени повеќе од 30 канцеларии за информирање.