Sayed Khodaberdi Sadat
17 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во Авганистан почина еден американски војник кој служел во рамките на Мисијата на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од силите на НАТО во Авганистан, американскиот војник починал додека бил на должност.
Во соопштението не се дадени детали за идентитетот на војникот, како и за причината за неговата смрт.
Американската администрација, која во Авганистан има 14.000 војници, на крајот на процесот за можен мировен договор со талибанците планира да ја намали оваа бројка.