Dildar Baykan
17 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека пропорционален одговор би бил доколку САД би извршиле воен напад врз Иран поради нападот врз објектите на саудиската национална нафтена компанија „Арамко“ („Aramco“), јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп пред Белата куќа даде изјава за медиумите, во којашто рече дека за кратко време ќе утврдат дали Иран стои зад нападот извршен врз објектите на „Арамко“. „Ќе одлучиме што ќе направиме понатаму“, додаде тој.
Во врска со прашањето дали би било пропорционално САД да извршат воен напад врз Иран како одговор на нападот извршен врз саудиската нафтена компанија, Трамп рече: „Сметам дека ќе биде пропорционално. Мојот одговор на ова прашање е 'да'.“
Трамп истакна дека САД нема да бидат погодени од зголемувањето на цените на нафтата поради нападот врз „Арамко“.