Furkan Naci Top
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
АТИНА (AA) - Во главниот град на Грција Атина во вторник одржани се протести против посетата на американскиот претседател во заминување Барак Обама кој се наоѓа во дводневната посета во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на протестите се приметени и судири помеѓу приврзаниците на екстремно-десничарските групи и припадници на полицијата.
Во моментите кога Обама и грчкиот премиер Алексис Ципрас одржуваа конференција за медиумите, група од околу седум илјади лица, која денес организираше антиамерикански протести, се обидуваше да го пробије полицискиот кордон во улицата Панепистимио која води кон центарот на Атина.
Собраните демонстранти, кои сакаа да одржат протестен марш пред амбасадата на САД во Атина, со палки и Молотови коктели тргнаа кон припадниците на полицијата кои вратија со употреба на солзавец.
Помала група на демонстрантите во населбата Ексарчиа исто така на полицијата фрлаа камења и Молотови коктели.
По повод посетата на Обама, во грчката престолнина се преземени опсежни безбедносни мерки, а ангажирани се вкупно пет илјади припадници на безбедносните сили, од кои 500 американски полицајци.
Американскиот претседател во заминување Барак Обама се состана во вторник во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас, во таа прилика порачувајќи дека Грција треба да продолжи со започнатите реформи, додавајќи дека граѓаните на таа медитеранска земја треба да го почувствуваат економскиот напредок во секојдневниот живот.
Ципрас на присутните им рече дека Обама до сега играл многу важна и конструктивна улога во преговорите на Атина со меѓународните кредитори.
Двајцата лидери во текот на состанокот разговараа за економската ситуација во Грција, регионалните прашања како и односите помеѓу Грција и Турција.
Потсетуваме, претседателот во заминување Барак Обама стаса утрово во Атина во рамките на прошталната турнеја. Вториот ден од посетата на Грција Обама по посетата на грамот Партенон, ќе одржи говор за демократијата и глобализацијата пред да тргне за Берлин каде ќе се состане со некои европски функционери. Турнејата ќе ја заврши со посета на Перу каде што ќе присуствува на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) пред сабота каде се враќа во Вашингтон.