Gökhan Kavak
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
МОГАДИШУ
Во вчерашниот бомбашки напад во Сомалија животот го загуби еден новинар, а еден претставник на медиумите е ранет, известува Агенција Анадолија (АА).
Сомалиската полиција соопшти дека вчера е извршен напад пред Министерството за безбедност во Могадишу.
Во нападот животот го загуби Абдиазиз Гулед, директор на радиото „Могадишу“, а ранет е вработен во Сомалиската национална телевизија (SNTV), Шармарк Ворсаме.
Одговорноста за нападот на медиумските работници ја презеде терористичката организација Ал-Шабаб, која често изведува напади врз цивилите и безбедносните сили во Сомалија.