Hacer Başer
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ГАЗА (АА) - Во воздушен напад на Израел врз Газа, едно дете го загуби животот, а две се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ешреф Ал Kудра, во нападот загина десет годишниот Абу Јасин Хуса, а 6-годишната сестра Есра и 13-годишниот брат Eјуб се повредени.
Kудра истакна дека децата се хоспитализирани, а Есра е сериозно повредена.
Очевидците кои зборуваа за деталите на нападот, изјавија дека Израел ги нападнал упориштата на военото крило на Хамас, кој се наоѓа во северниот дел на Газа.
Тие истакнаа дека за време на нападите е предизвикана значителна материјална штета врз зградите и областа околу базите.
Од друга страна, според соопштението од израелската армија, нападнати се четири упоришта на Хамас, како одговор на ракетите лансирани од Газа минатата ноќ.
"Израелските воздушни сили утринава како цел на нападот имаше четири воени бази во појасот Газа. Сета одговорност за лансирање на ракетите припаѓана Хамас, бидејќи власта во Газа е во нивни раце", се вели во соопштението.
Според синоќешната најава на армијата, неколку ракети лансирани од Газа биле активирани во јужниот дел на Израел. Нема повредени.