Halit Süleyman
14 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
АЛЕПО (АА) - Руските и сириските воени авиони ги нападнаa населбите на градот Алепо коишто се под контрола на опозицијата, при што осум лица го загубија животот, а 20-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што дописникот на АА ги доби од одговорните за цивилна заштита, се дознава дека руски и сириски авиони извршиле 15 воздушни напади врз населбите Салахедин, Келас, Ансари и Фирдоус од градот Алепо, кои се под контрола на опозициските сили.
Во бомбардирањата животот го загубија осум лица, меѓу кои жени и деца, а ранети се 20-мина. Причинета е голема материјална штета во областите изложени на бомбардирањата.
Додека продолжуваат операциите за спасување на луѓето, одговорните соопштија дека пожарникарските екипи се ангажирани околу гаснењето на пожарот во населбата Фирдоус, кој бил предизвикан од бомбардирањата.
Во последните четири години, поради бомбардирањата од страна на силите на режимот во околината на градот Алепо, кој е под контрола на опозициските сили, многу населби се руинирани.
Лицата што живат во областите што се под контрола на опозицијата страдаат поради недостатокот на вода за пиење и електрична енергија.