Ahmed Asmar
02 Јануари 2024•Ажурирај: 03 Јануари 2024
АНКАРА (АА) – Најмалку 4.119 палестински ученици загинаа, а 7.536 се повредени во тековните израелски напади врз Газа, соопшти денес палестинското Министерство за образование, јавува Анадолу.
Покрај загинатите ученици во Газа, израелската армија од почетокот на војната на 7 октомври уби и 37 ученици и повреди 282 на окупираниот Западен Брег, се вели во соопштението на Министерството, наведено од палестинска новинска агенција Вафа.
Во соопштението се истакнува дека 221 наставник и друг образовен персонал, исто така, загинале, а 703 се повредени во Газа од страна на израелската армија.
Исто така, се наведува дека 343 училишта низ Газа се оштетени во израелските бомбардирања, како и 38 училишта на Западниот Брег.
Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што, според локалните здравствени власти, досега загинати се најмалку 21.978 Палестинци, главно жени и деца, а 57.697 се повредени.
Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас на 7 октомври.