Erbil Başay
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
БЕРЛИН
Во рамките на протестите организирани од Германскиот велосипедски клуб (ADFC) под слоганот „Иднината започнува денес - Во транспортот промени сега“, демонстрантите се собраа на различни точки на градот Берлин и формираа велосипедски колони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите, кои дојдоа до Бранденбуршката порта во центарот на градот од различни страни, протестираа против политиките за климата и за транспортот на федералните и државните влади.

Во соопштението на Германскиот велосипедски клуб (ADFC), побарано е некои улици во градот да бидат затворени за сообраќај, да има поголем број велосипедски патеки и охрабрување за употребата на јавен превоз.
Антје, кој учествуваше на демонстрациите и не сакаше да го даде своето презиме, во изјава за дописникот на АА рече дека работи во областа на здравството и дека сака во сообраќајот да се отвори повеќе простор за велосипедистите и пешаците.

Антје конкретно побара поставување одделни семафори за велосипедистите и пешаците, на семафорите да се обезбеди повеќе време за преминување на велосипедистите, и децата подобро да се образуваат во однос на сообраќајот.
Германскиот велосипедски клуб (ADFC) соопшти дека на протестите учествувале повеќе од 15.000 лица.