Derya Gülnaz Özcan
21 Септември 2023•Ажурирај: 22 Септември 2023
АТИНА (АА) - Работниците и државните службеници во Атина, главниот град на Грција, ја прекинаа работата како реакција на новиот предлог-закон за труд поднесен од Владата до Парламентот, јавува Анадолу.
Работниците, државните службеници и студентите, кои се собраа во главниот град по повикот упатен од голем број синдикати, особено од страна на синдикатите Сеработнички борбен фронт (ΠΑΜΕ), Конфедерацијата на синдикатите на грчките државни службеници (ADEDY) и синдикатите за образование, го изразија својот револт за измените што ги предвидува Владата во законот за работни односи.

На протестот учествуваа и пожарникари што привремено се вработени во летната сезона за сузбивање на шумските пожари, кои се еден од важните проблеми на државата во летните месеци и побараа да бидат вработени, со образложение дека во зима остануваат без работа.
Прекината е наставата во некои училишта, а не беа давани ни здравствени услуги во некои од болниците поради штрајкот на вработените и државните службеници што одговорија на повикот на синдикатот за 24-часовен штрајк како реакција на спорниот предлог-закон. Поради штрајкот, бродовите останаа закотвени во пристаништата.

Во одредени часови во текот на денот прекини имаше и во јавниот превоз поради штрајкот на вработените во овој сектор.
Синдикатите побараа укинување на новиот предлог-закон, кој ги засега јавниот и приватниот сектор, со образложение дека овој закон ќе донесе флексибилност на работната граница од 8 часа дневно, 5 дена во неделата.
Работниците и државните службеници од Солун, кои се одѕваа на повиците на синдикатите, протестираа во центарот на градот.
