Tuğrul Çam
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Спротивно на изјавите на американски официјални лица дека ПЈД е можен партнер во решавање на сириската криза, официјалните документи од надлежните служби на САД, оваа група ја дефинираат како „сириски огранок на ПКК”, која се наоѓа на списокот на терористички организации кои се прогласени како такви од страна на САД, Турција и Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
ПЈД е терористичка организација, која со помош на сирискиот режим и Русија се обидува да ја преземе контролата на северната граница на сирискиот појас.
Односот помеѓу ПКК и ПЈД е опишан во официјалните документи на Националниот центар на САД за борба против тероризмот (NCTC). Во документите на официјалниот сајт, ПЈД се дефинира како „сириски огранок на ПКК”, и е опишан како „закана за безбедноста на Турција и безбедноста во пограничната зона”.
„ПЈД го зголеми своето присуство долж границата во северниот дел на Сирија така што воспостави контрола во курдските области”, се вели во документот.
Тој дел е изоставен во изданијата на Националниот центар за 2014 и 2015 година, но доколку внимателно се погледне, овие наводи на ПЈД се објавени во 2013 година. Во годишникот на Центарот за борба против тероризмот од 2015 година, дури и во индексот се наведува дека групата ПЈД се спомнува на 124 страна, но содржината е избришана.