Alaattin Doğru
21 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
ДАКАР
При пад на автобус во провалија во Демократска Република Конго (ДРК) животот го загубија 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, автобусот кој од главниот град Киншаса се упатил кон градот Матади во западниот дел на земјата, додека се симнувал по планинскиот пат во пределот на Мбанза-Нгунгу му откажале кочниците и излетувајќи од патот паднал во провалија.
Автобусот со повеќе од 100 патници по падот се запалил. Во несреќата загинаа 22 лица, а голем број патници се повредени.
Повредените се префрлени во најблиските болници.