Faruk Zorlu
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ДАКАР (АА) - Најмалку 496 лица починаа во Демократската Република Конго, од јули минатата година досега, кога се појави вирусот на ебола, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство на Конго соопшти дека во изминатите 7 месеци се хоспитализирани 894 лица со хеморагиска грозница.
Меѓу хоспитализираните, во 829 случаи е дијагностицирана заразеност со вирусот на ебола.
Во соопштението се наведува дека 31 хоспитализиран пациент се наоѓаат во критична состојба, додека излечени и отпуштени од болница се 302 лица.
Изминатите 7 месеци во Конго против вирусот на ебола се вакцинирани 85.226 лица, а кампањата за вакцинација сѐ уште трае.
Вирусот на ебола кој предизвикува тропска грозница, за првпат е регистриран во 1976 година во Судан и Конго. Вирусот од луѓе може да се пренесе и на животни.
Најголемата епидемија на ебола е регистрирана во 2014 година, кога во западниот дел на Африка починаа 11.300 лица.