Zeynep Hilal Karyağdı
25 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Организациите за човекови права во Египет побараа ослободување на универзитетски студент кој е во затвор 7 години поради „носење камера“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Народната кампања за поддршка на киднапираните и затворениците од Египет, се наведува дека Халид Мухамед Абдурауф Сахлуб, студент на факултетот за комуникации е затворен од јануари 2014 година заради носење на камера.
Сахлуб, како што се наведува во соопштението, работел како хонорарен фоторепортер за некои медиумски организации, а во 2014 година од страна на безбедносните сили е однесен на непознато место и неколку месеци од него немало никаква трага, период во кој бил измачуван.
Подоцна Сахлуб е вклучен во судењето на вработените во телевизискиот канал „Ал Џезира“ во досието именувано како „Ќелијата Мериот“.
„Другите новинари на кои им се судеше беа ослободен, а Сахлуб беше обвинет на 3 години затвор и префрлен во затворот „Скорпион“. Поради тортурата претрпена таму му била скршена клучната коска и имал повреди во главата. Во 2017 година неколку дена пред да биде ослободен додаден е во друг случај. И за тој случај доби затворска казна. Тој сè уште е во затвор“, се нагласува во соопштението.
Во 2014 година, главното обвинителство на Египет обвини 20 лица, вклучувајќи го и Сахлуб, за „креирање лажни и провокативни вести“ и издаде налог за притвор.
По воениот удар во јули 2013 година, египетската администрација беше критикувана од локалната и меѓународната јавност за неправедно притворање на противниците, како и за систематски тортури и кршење на човековите права.