Sinan Doğan
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
БОГОТА (АА) - Во експлозијата на цистерна со гориво во градот Кап-Хаитиен, на северот на Хаити, бројката на загинати се зголеми на 75, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, од последиците предизвикани од експлозија што се случи во вторникот, зголемен е бројот на лица кои ги загубиле животите.
Претставниците на власта информираа дека уште 15 повредени им подлегнале на повредите, со што вкупниот број на загинати се зголеми на 75. Продолжува болничкото лекување на 56 лица кои се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Ариел Хенри, премиерот на Хаити, прогласи тридневна жалост низ земјата поради трагедијата.
Покрај информацијата дека бројката на загинати може да се зголеми уште повеќе, властите објавија дека експлозијата претворила во пепел 20 куќи.