Muhammed Temim Hocaoğlu
21 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека од 2011 година досега како резултат на тортурите извршени од страна на Асадовиот режим животот го загубиле над 14.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на СНХР, од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија досега како резултат на торутире извршени од страна на Асадовиот режим загинале вкупно 14.131 лице, од кои 173 деца.
Во извештајот се наведува дека од денот на започнување на граѓанската војна досега 1.2 милиони лица биле приведени.
Во овој извештај се нагласува дека само во првите 8 месеци во 2019 година, 185 лица загинале како резултат на тортурата изложени во затворите.
Исто така, се нагласува дека Асадовиот режим користи 72 различни видови на тортури, меѓу кои физичко, психолошко и сексуално насилство.