Halit Süleyman
27 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ДАМАСК (АА) - Oпозициската група „Армијата на исламот” тврди дека северно од Дамаск во Сирија собориле воен авион на режимските сили на сирискиот претседател Башар Ал-Асад од типот MIG29, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на „Армијата на исламот” се наведува дека е соборен авион во близина на воениот аеродром Син. Се наведува и дека пилотите на авионот загинале.
Режимските сили не дадоа никакво соопштение врзано за овие тврдења.
Припадниците на „Армијата на исламот” вчера во Источна Гута, која му припаѓа на Дамаск, собориле воен хеликоптер на режимските сили.