Adam Abu-bashal
24 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
АБУЏА
Како резултат на срушувањето на воен хеликоптер за обука врз куќа во главниот град на Зимбабве, Хараре, загинаа четири лица, од кои едно дете, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извесно време по полетувањето од Хараре бил прекинат контактот со хеликоптерот.
Се вели дека хеликоптерот се срушил врз куќа во подрачјето на Арктурус во Хараре.
Како резултат на несреќата, загинале четири лица, од кои едно дете.
Инаку, Воздухопловните сили на Зимбабве се жалат дека хеликоптерите и воените авиони се стари, но дека не можат да купат нови поради санкциите на земјите од Западот.