Ekipa
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Напаѓач вооружен со рачен ракетен фрлач собори еден полициски хеликоптер во западниот дел на Мексико. Притоа загинаа пилотот и тројца полицајци, јавува Аnadolu Agency (AA).
Четвртиот офицер кој бил во леталото е повреден, потврди гувернерот на државата Мичоакан Силвано Ауреолес.
Според него, нападот се случил на тешко пристапен терен, во предградието на градот Апатзинган. Во ова место доминираат нарко картели и тоа претставува воено поле меѓу улични банди и вооружени групи.
Ова е најголемиот број на загинати во една хеликоптерска несреќа во Мексико, по онаа во мај минатата година, кога во државата Халиско загинаа десет луѓе.
Во таа трагедија, напаѓач на мексикански нарко картел собори воен хеликоптер со ракетен фрлач.