Ömer Faruk Yıldız
24 Април 2021•Ажурирај: 25 Април 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Најмалку 745 лица се убиени во текот на демонстрациите во Мјанмар, што започнаа откако на 1 февруари во таа земја е извршен воен удар, соопштено е од Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP), јавува Агенција Анадолија (AA).
Во дневниот извештај на Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP) се наведува дека во изминатите 24 часа смртно настрадале шест лица.
Се истакнува дека 3.371 лице се наоѓаат во притвор, додека за најмалку 1.118 лица се издадени налози за приведување.
Утврдено е дека едно од лицата што смртно настрадале во текот на вчерашните демонстрации е 14-годишно девојче.
Десетици илјади студенти се собраа во градот Јангон, каде што протестираа против повикот за самит на Асоцијацијата на нациите од југоисточна Азија (ASEAN) на генералот Мин Аунг Хлаинг.
Мјанмарската Војска на 1 февруари оваа година изведе удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на Владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Кји.
Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари.