Mohamed Majed,Çağrı Koşak
12 Јули 2025•Ажурирај: 13 Јули 2025
ГАЗА (АА) - Дваесет и еден Палестинец се убиени, а 50 се повредени во напад на израелската армија врз лица кои чекале помош во Појасот Газа, известува Анадолу.
Според болнички извори, израелските војници пукале врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.
Од истрелите на израелските војници убиени се 21 Палестинец, а 50 се повредени.
Израелската армија продолжува со систематските напади врз Палестинците кои чекаат помош пред дистрибутивните места основани од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош.
Со последните жртви, бројот на убиени Палестинци кои чекале помош на овие локалитети од истрелите на израелските војници од 27 мај досега се зголеми на 809, а бројот на повредени достигна 5.249.