свет

Во израелски напад врз Појасот Газа убиени четири лица, меѓу кои две деца

Очевидци за дописникот на АА изјавија дека израелски воен авион нападнал шаторска населба во регионот Меваси, што се наоѓа на брегот западно од Кан Јунис

Mustafa M. M. Haboush, Ömer Erdem  | 18.11.2024 - Обновена : 18.11.2024
Во израелски напад врз Појасот Газа убиени четири лица, меѓу кои две деца

ГАЗА (АА) - Најмалку четворица Палестинци, меѓу кои две деца, се убиени во израелски напад врз шаторска населба во регионот Меваси, југозападно од Појасот Газа, јавува Анадолу.

Очевидци за дописникот на АА изјавија дека израелски воен авион нападнал шаторска населба во регионот Меваси, што се наоѓа на брегот западно од Кан Јунис, предизвикувајќи пожар кој зафатил неколку шатори.

Палестинските здравствени извори потврдија дека во нападот биле убиени четири лица, вклучувајќи две деца, и дека има повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.