Muhammet Nazım Taşcı
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во индиската сојузна држава Махараштра, како дел од превентивните мерки против ширењето на заразата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше воведена забрана за излегување на улица, а користењето на средствата на јавниот превоз во подрачјата со голем број заразени е запрено. Група работници мигранти кои биле принудени пеш да се враќаат кон своите домови ги прегазил товарен воз. Во оваа несреќа животот го загубиле 16 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во индиските медиуми, официјални лица информирале дека група од 20 мигранти кои се движеле по железничката линија во градот Евренгабад, застанале да се одморат и заспале на пругата.
Официјалните лица соопштија дека во тоа време наишол товарен воз, кој, иако ги забележал заспаните мигранти на пругата, не можел да запре и ги прегазил, при што 16-мина од нив ги загубиле своите животи.
Според полицијата, работниците мигранти заспале на пругата сметајќи дека поради забраната за излегување на улица нема да се одвива железничкиот сообраќај.
Во тек е истрага во врска со несреќата.
Во Индија на 25 март е воведена забрана за излегување на улица поради што нема ниту јавен превоз, па затоа работниците мигранти се принудени да патуваат пеш.
Власта воведе железнички и автобуски линии за работниците мигранти да се вратат во своите домови, но нивниот број не е доволен за да ги задоволи потребите.