Sayed Khodaiberdi Sadat
08 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
КАБУЛ
Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека на министерот Ферозудин Фероз му е дијагностициран Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Вахид Мајар, изјави дека министерот Фероз бил позитивен на тестот на коронавирусот.
Мајар изјави дека Фероз се наоѓа во самоизолација и дека се чувствува добро.
Тој напомена дека 256 здравствени работници низ земјата се заразени со Ковид-19.
Во Авганистан бројот на заразени се зголеми на 3.563, додека од последици на заразувањето со вирусот починаа 106 лица.